Бела долина- лешник капучино полнеж
Обогатен вкус на лешник со капучино. Лешник е вкусот на овај прекрасен полнеж за ситни колачиња, подолг вовед сметам дека ќе е излишен.
Како и кај сите ситни колачиња кои се изработуваат треба да се оформат калапи од топено чоколадо (за да бидат бела долина логично е да се користи бела чоколада) кои понатаму ќе се полнат со следниот полнеж.
Млекото се става на оган заедно со шеќерот и капучиното, но да не зовријат туку на тивок оган се става и чоколадото, маргаринот и на крај лешниците, па се трга од оган. Додека подоладат настрана мелиме од бисквитите, па сето се соединува. Оставаме да се изладат или ако ви се брза ставете ги во фрижидер.
На кратко за постапката на топење, белото чоколадо е поосетливо, па затоа на 100гр. од него оди 2 лајци масло не смее никако да проврие туку само се топи, со силиконско четче се премачкуваат силиконските калапи кои сте ги избрале, се остава слојот да се здрви. Постапката се повторува по втор, па ако е потребно и по трт пат да се оформи добар слој чоколадо кој нема да се крши при вадењето. Се полнат со смесата и тоа две третини па се затвораат со по 1 мало лајче топено чоколадо и крај, чекате да се здрват па сладете се..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ја памтите песничкава од читанка :))
навистина преубаво изгледаат,капучино сакам премногу