Банана мафини
Ова е сосема едноставен рецепт за банана мафини, ама се многу сочни и ровки и такви остануваат неколку дена.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Во еден голем сад со жица измешајте ги сувите состојки и оставете ги на страна.
Грубо испасирајте ги бананите, прелијте ги со една лажица сок од лимон и оставете ги на страна.
Во средно голем сад изматете ги јајцата со двата вида шеќер и маслото сосема да се соедини. Додајте ги бананите, измешајте со жица.
Истурете ја водената смеса во сувите состојки, па лесно промешајте само да се навлажнат сувите состојки. Ако има грутчина, ако има понекаде ненавлажнети топчиња, не мешајте премногу, зошто тогаш мафините ќе ви бидат жилави, не ровки.
Наполнете ги до горе калапите, па ставете да се печат 25 - 30 мин, додека не добијат убава златна боја, не станат цврсто еластични на допир или проверете со чепкалка. Треба да биде чиста.
Изладете ги некоја минута во калапот, па префрлете ги на жица да се оладат до крај.
Посипете ги со шеќер во прав и малку цимет.
Чувајте ги во затворена кутија, на собна температура 2 - 3 дена или малку подолго во фрижидер.
Од овие состојки, мене ми испаднаа 20 мафини, кои не се многу големи, ама не се ни мини...
Лиценца: Сите права се задржани
Овие како од цртан филм се :))
Nisto specijalno, ama mnogu vkusni se, a i sakaa da se slikaat :))))
Fala vi mnogu :))
Инаку пред скоро открив дека печени банани се ептен супер, па не се сомневам ни во вкусот на мафиниве.
Ke si se vratam jas na temnite sliki, mnogu skoro :)))
Kosnickite, cevcinjata, salfetkite, se od Ikea... Ke ti dadam ako sakas :)
Fala vi na site :)
А за темните слики... супер беа и тие. Ама пролет е, па може малку повесело, нели?