1
фев
2013
Мафини со банана и чоколадо
Испасирајте ги бананите, додајте го шеќерот и јајцето и убаво промешајте. Додајте ги течните состојки, па потоа сувите. Не е потребен миксер. Мешајте со вилушка или жица за матење. На крај додајте го чоколадото исечкано на ситни коцкички.
Смесата истурете ја во калапите за мафини и печете на 180 степени околу 20на мин. Проверете со чепкалка или благ стисок дали се готови.
Украсете ги со шлаг одозгора и чоколадни трошки или чоко-прелив.
Лиценца: Сите права се задржани
еве ги. ај заглеј поарно, треба да се малку сочни внатре или требаше да ги допечам уште малку? :)
во секој случај ептен убави. тестото густо и вкусно, не претекоа и не се извитоперија како што најчесто ми се случува со мафини. ептен фенси испаднаа :)
јас следниот пат ќе си додадам шеќер или Оште поубаво МЕД :)
а и обелив образ пред гости на БИТОЛСКИ НАЧИН :) :) :) :)
mafinive stvarno ti se fensi ma extra fensi se samo ne go gledam raceto na Vedrana sigurno si gi skrila za slikanje pozz moja ludoglava:)