Баклава со фстаци и сируп од портокал
Рецептот за бклавата го најдов на интернет, турска/арапска верзија, со некои мали корекции и промена на количини го прилагодив за моите потреби. Интересен спој на состојки со сладок цитрусен вкус.
1. Ви требаат околу 450гр. фстаци за да добиете 300гр. чисти фстаци. Испечете ги на тивко и половина сомелете половина исецкајте. Ставете ги во подлабок сад, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
2. Плехот во кој ќе редите намрсете го со растопен маргарин и наредете 9 кори секоја премачкувајќи ја со маргарин. Плехот ми е скоро со иста големина на корите, сосем малку ги пресеков краевите. Оставете си 9 кори за од горе и останатите редете ги една по една, премачкувајте и попрскувајте со филот додека не се потроши. Од горе повторно одат 9 кори, секоја премачкана.
3. Пресечете ја баклавата, повторно затоплете го она што ви остана од маргаринот и прелијте врз баклавата. Покријте со фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С околу 55-60мин. На 2-3 мин пред крај тргнете ја фолијата за да добие убава боја.
4. Сирупот ставете го да се вари веднаш штом ќе ја ставите баклавата да се пече. Нека проврие 8-10 мин па исклучете и оставете да се лади.
Се попарува жешка баклава со малку оладен сируп. Оставете преку ноќ за убаво да се спојат вкусовите.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Pola doza kori, a isto kolicestvo serbet...
Во однос на шербетот беше добра, не беше сува и таман блага ... може сме навикнати и на помалку шербетисани работи дома па затоа си кратам ако можам :)