Во млакото млеко се става квасецот да стаса.
Во сад со брашно се додаваат 3 жолчки и 1 цело јајце, стасаниот квасец, изрендана кора од еден портокал, ванилиниот шеќер и се замесува средно понамеко тесто. Количината на брашно не е ограничена затоа прво ставете околу 500гр, а потоа по потреба додавајте.
Од замесеното тесто се сука кора која се премачкува со маргарин, се наросува со лешниците и чоколадата па се витка во ролат.
Од завитканиот ролат се сечат парчиња со дебелина од 7-8 мм и се редат во подмачкан плех со маргарин.
Се оставаат колачите да стасаат еден час, а потоа се печат на 180 околу 25 минути.

Шербет
Шеќерот се налева со водата и се става да зоврие. Врие околу 5 минути на потивко и му се додава ванилата.
Испечените колачи се оставаат да се оладат па се преливаат со врелиот шербет.

Шам
3 белки убаво се матат во цврст снег,  а потоа постепено им се додава 9 лажици шеќер во прав и се мати постојано додека се добие цврст шам. Со готварски шприц се декорираат по желба и се наросуваат со мелени лешници или рендана чоколада.
Рецептот е многу стар и има посебен вкус баш поради квасецот и едноставниот состав. Умешноста на нашите баби домаќинки да ја задржиме и да ја споделиме со сите кои ја ценат и вреднуваат традицијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела