Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Бабини колачи.

Tрадиционален рецепт за парени колачи полжавчиња, со фил од чоколадо и ореви. Декорирани со шлаг од белки, како во старите добри времиња.

Подготовка

Чекор 1: Во млако млеко ставете го квасецот да стаса.

Во садот со брашно додадете ги 3те жолчки и 1 цело јајце, стасаниот квасец, изрендана кора од портокал, ванила шеќерот и замесете средно помеко тесто. Количината на брашно не е ограничена затоа прво ставете околу 500 грама, а потоа по потреба додавајте.

Чекор 2: Од замесеното тесто расукајте кора со дебелина од половина сантиметар, изрендајте или премачкајте со маргарин, наросете со лешниците и чоколадата и завиткајте ја кората во ролат.

Од завитканиот ролат сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и наредете ги во подмачкана тава. Нам ни излегоа 20 парчиња.

Оставете колачите да стасаат еден час, а потоа печете ги на 180С, околу 15-20 минути додека да заруменат. Испечените колачи оставете ги да се оладат.

Чекор 3: За шербетот прелијте го шеќерот со водата и оставете да зоврие. Треба да врие околу 5 минути на потивко, па додадете ја ванилата и сок од портокал, по желба. Нека врие уште малку да се згусне. Изладените колачи прелијте ги со врелиот шербет.

Чекор 4: Белките убаво изматете ги во цврст снег, а потоа постепено додадете 9 лажици шеќер во прав и матете постојано додека се добие цврст шам.

Чекор 5: Сервирајте во чинија, со готварски шприц декорирајте по желба и наросете со лешници и чоколадо.

СОВЕТ: Ова е стар, бабин рецепт кој ќе ве врати во детството. Вреди да се проба и да се пренесе на идните генерации.