Ова од бабините рецепти... најчесто беа во форма на ветрило.
Припрема
Во садот во кој ќе месите ставете го киселото млеко, додадете ја содата, разбркајте и оставете да се запени. Потоа додадете ја солта, шеќерот и јајцата и со жица разбркајте. Додавајте од пресеаното брашно за да добиете меко нелепливо тесто. Покријте и оставете околу 30 мин,
- На работната површина расукајте го во кора со дебелина до 1 см. и сечете форми какви што сакате вие или дечките покрај вас.
- Загрејте во малата касерола зејтин и ставајте ги да се пржат - кога ќе се вцрват од едната страна, превртете ги да се пржат и од другата страна.
- Вадете ги ставајки ги врз салвета, чисто онака од претпазливот, инаку тестото воопшто не прима зејтин, послужете ги со било што мед, џем, сирење... кисело млеко, посипете со шеќер во прав...
Напомена
- Јас секогаш правам од половина доза - не повеќе бидејки целата доза е за моето семејство многу.
- Брашното не го ставајте целото - некогаш останува малку кое и ќе направи проблем да бидат потврди и нешупликави. Сами ќе оцените колку е доволно, но тука некаде е - некогаш околу 550 гр. некогаш 500 гр, а некогаш токму 600 гр. оди... зависно од типот на брашното.
- Некогаш ставам во тестото и сирење... добри се и така
- Некогаш не ставам јајце, тогаш ми се помекички или пак така ми се чини, а сум слушнала дека токму јајцето ја дава жилавоста на ваквите теста со сода бикарбона, има разлика мегу тестото со јајце и без јајце,  но не знам дали се должи токму на тоа. Вие пробајте и така и така, па како ќе ви се допадне.
- Ваквите бухтли на времето ги викавме Фурки, а јас кога ќе посакав да ги направи мајка ми ќе ѝ речев - Ај од тие вртелешките направи... оти баш ги правеше во форма на вртелешка....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани