На сите љубители на специфични кафиња ќе им се допадне рецептот. Ние дома сакаме да експериментираме, па така пробав да направам ајрис во домасни услови и излезе преубаво.
Во половина шоља жешка вода се става кафето и румот и се промешува. Се засладува по вкус.
Млекото со ванилата се мати со маталка за нескафе за да се добие густа млечна пена. Млечната пена се додава пополека врз кафето и по вкус одозгора се додава малку цимет. За тие што пијат погорко кафе имајте во предвид дека ванилата малку ја засладува пената.
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови