Аранчини
Корите од портокал и лимон секогаш ги користам или ќе ги изренам и оставам да се сушат - после што ги мешам со шеќер и понатаму вака ароматизиран шеќерот го користам во колачи или пак спремам Аранчини, кандирани. Значи секогаш може да се искористат. Зависно од потребата Аранчините ги спремам на два начина, проследете понатаму
1 Начин
- Кората од портокалот се сече на ленти, се ставаат во сад со вода, стојат 3 дена менувајки ја притоа водата неколку пати на ден.
- После третиот ден извадете ги од водата, исцедете ги добро, ставете во сад со водата и варете ги додека омекнат, додајте го и шеќерот, варете се додека испари течноста.
- На хартија за печење ставете кристал шеќер. Корите вадете ги од садот додека се сеуште топли и валкајте ги во шеќерот. Оставете ги да се исушат, потоа соберете ги.
Доколку имате време можете корите да ги чувате во водата повеќе време, нормално притоа менувајки им ја водата 3-4 пати на ден.
2 Начин
- Исечете ги корите од 4-5 портокала на начин опишан погоре,
- Ставете ги во сад со вода и нека неколку минути врие водата, исфрлете ја, ставете друга вода, пак да врие неколку минути и така оваа постапка повторете ја 4-5 пати.
- Исцедете ги
- 100 гр. кори потребно е да се варат во 100 гр. вода и 100 гр. шеќер. Значи, лесно да пресметате, колку грама кори имате - помножете со основната мерка.
- Варете додека испари течноста, понатаму постапката е иста. Извадете и валкате во кристал шеќер, оставете да се сушат.
На мене често пати ми се случува да не ми остане да соберам во тегла, толку се вкусни што додека ги валкам во шеќерот како божемски за проба, намалам количината, потоа додека да пробам да видам дали се доволно суви, поднамалам пак и соберам скоро ништо.... )))))
Полека - полека, се наближуваат Новогодишните и Божикните празници, па не е на одмет да ги имаме веке спремано, ќе притребаат.
Лиценца: Сите права се задржани
So ispituvanjata na sodrzinata na rezidui od pesticidite koi se koristeni vo odgleduvanjeto na nasite, domasni jabolki, golem % od niv gi imase vo celiot plod, vklucuvajki ja i semkata. Na ova strucnjacite sovetuvaat da se jade i nivnata luspa za da se vnesat vitaminite koi gi sodrzi taa, stom pesticid ima i vo semkata od domasnite jabolki, reziduite vo citrusnite kori sigurno nema da se edinstvenite koi ni nastetuvaat.
Inaku, receptot za kolacot na Lili e dobro studiran, se poklopi so preporaka za slicen kolac so ovosje i alkohol, kupeno se osven kandiranoto ovosje, ama se nadevam utre ke bide. Moive se cudat za sto toa cela nedela se spremam :))) Ama ke bidat srekjni koga ke go dobijat kako podarok za Bozik :)
Ke vi pisam do kade sum :)
И најважното прашање за мене: ако се спремаат за аранчини, треба да се суви, или веднаш во вода одат откако ќе се излупат? а што ако не се соберат во еден ден? пак во вода се чуваат до берењето и потоа менувањето со постапката од 3 дена почнува откако сите ке се соберат, или мора толку лушпи одма да изупам, соберам? :)
1. Za aromatiziran seker pravam vaka: Ako mi e potreben limonov sok... togas korite ostanuvaat, gi rendam..susam i stavam vo seker, zavisi kolku sum izrendala kori, no vo pomala kolicina na seker gi stavam za da imaat pojak aromat, pa kade mi treba rendana kora od limon... stavam od toj seker. Istoto vazi i za portokalite.
2. Klaresta.. ne se mnogu 5-6 portokali da izedete na den, soberi gi korite, iseci na lenti, i biraj na koj nacin ke gi pravis... ako sum zafatena poveke ...togas pravam na prviot nacin, a najcesto gi pravam na vtoriot nacin kako sto sum objasnila... znaci ne se susat tuku direkno gi spremam... otkako se spremaat se kako sto sum napisala, togas se vadat od korite i se valkaat vo seker pa duri togas se susat, soberi vo tegla i koristi koga ke ti zatrebaat.. jas polovina gi izedam dodeka gi valkam...
Sega kako dopolnitelno... otkako ke gi svaris kako sto pisuva - vo sekerot, koga gi vadis namesto da gi valkas vo seker, cokoladiraj gi.. no toa se jade kako desert... milinaaaaa, milinaaa... probaj i ke se uveris vo celoto toa sto ti go pisuvam,
правев окулу 200гр, толку кори имаше, лесни се за правење, не треба да им чмаеш над глава. ги правев по вториот начин. побзро ми беше така :)
цела куќа мирисаше...оооо, убавини :) :) :) :)
при последното валакање во шеќерот додадов и малку( помалку од 1/4 лажиче цимет, каранфилче и морско оревче во прав)
АААААААААААААААААААА, занос потрес, лудило!!! :) :) :) :)
ги сликав на идната завеса за прозор, не пеглана нормално :) :) :) :)
Се прејадов како за старт :))
Ги правев според двата начина и искрено кога ќе се оладат нема скоро никаква разлика.
Ја направив и кората од грејпфрут и не горчи,барем не како што е внатре кога го јадеме свеж.Ако ги споредите за незначителна нијасна е погорчливо.Верувајте апсолутно можат и овие кори да се искористат.
Не стасав само да ги пробам со чоколадо како што ми ги препорача.
Инаку 500 гр ми се чинеа малку,па направив 800 гр. и собрав 4 тегли,а можеби една и изедовме уз пат :))
си ги спремам за божиќниот колач на лили <3
тоа ми е следен предизвик :)
а за фотката: конечно го земав тешкашот во рака. имаме професионален апарат, ама главната леќа ни беше расипана, па беше тешко да се користат тие кои немаат намена за блиско фотографирање. од сега па натака сите фотки ќе ми бидат посаглам, а најверојатно на истата идна завеса за позадина. многу ми е идилична :) :) :) :).
мобилниот ме нервира :)
АЈМ БЕК ЛЕЈДИС ЕНД ЏЕНТЛМЕН :) :) :) :)
за во иднина ќе си знам. ако имам волку голема тура, ќе ги правам по првиот начин, со киснење во вода. бидејки е голема турата, 6-7 пати ги варев додека да одгорчат. некои се распаднаа, ама и тоа добро ми дојде. ги исушив мали, без валкање во шеќер и сега се супер за директ во колачи, да не морам да сецкам. пуста мрза што ти прави :) :) :) :)
не ве засрамувам, само ви викам фала :*
еден ден кога ќе пораснам, ќе имам и јас некој рецепт што ќе ве потсетува на мене секој пат кога ќе го приготвувате ;) <3