Испечати

Аранчини

Аранчини

Состојки

  • 500 гр. кори од портокал
  • За сируп
  • 250 мл. вода
  • 500 гр. шеќер
  • За посипување
  • спрема потребата кристал шеќер

Подготовка

Корите од портокал и лимон секогаш ги користам или ќе ги изренам и оставам да се сушат - после што ги мешам со шеќер и понатаму вака ароматизиран шеќерот го користам во колачи или пак спремам Аранчини, кандирани. Значи секогаш може да се искористат. Зависно од потребата Аранчините ги спремам на два начина, проследете понатаму

1 Начин
- Кората од портокалот се сече на ленти, се ставаат во сад со вода, стојат 3 дена менувајки ја притоа водата неколку пати на ден.
- После третиот ден извадете ги од водата, исцедете ги добро, ставете во сад со водата и варете ги додека омекнат, додајте го и шеќерот, варете се додека испари течноста.
- На хартија за печење ставете кристал шеќер. Корите вадете ги од садот додека се сеуште топли и валкајте ги во шеќерот. Оставете ги да се исушат, потоа соберете ги.
Доколку имате време можете корите да ги чувате во водата повеќе време, нормално притоа менувајки им ја водата 3-4 пати на ден.

2 Начин

- Исечете ги корите од 4-5 портокала на начин опишан погоре,
- Ставете ги во сад со вода и нека неколку минути врие водата, исфрлете ја, ставете друга вода, пак да врие неколку минути и така оваа постапка повторете ја 4-5 пати.
- Исцедете ги 
- 100 гр. кори потребно е да се варат во 100 гр. вода и 100 гр. шеќер. Значи, лесно да пресметате, колку грама кори имате - помножете со основната мерка.
- Варете додека испари течноста, понатаму постапката е иста. Извадете и валкате во кристал шеќер, оставете да се сушат.

На мене често пати ми се случува да не ми остане да соберам во тегла, толку се вкусни што додека ги валкам во шеќерот како божемски за проба, намалам количината, потоа додека да пробам да видам дали се доволно суви, поднамалам пак и соберам скоро ништо.... )))))

Полека - полека, се наближуваат Новогодишните и Божикните празници, па не е на одмет да ги имаме веке спремано, ќе притребаат.