Анзак бисквит
Од мене,уште еден стар рецепт од тетратката на свекрва ми.
Брза припрема, едноставни состојки, десерт измислен за друштвото кое пристигнало на кафе.
Кокосот, овесните снегулки, шеќерот и брашното измешајте ги убаво во еден подлабок сад.
На тивок оган растопете го маргаринот и медот, а потоа додадете ја топлата вода и на крај содата. Смесата ќе почне да се запенува и затоа е најдобро садот да биде длабок, некое поголемо тенџере, на пример.
Кога ќе забележите дека смесата е добро растопена, исклучете ја ринглата, ставете ја сувата смеса и убаво мешајте, се дури да се слепат состојките едни помеѓу други.
Плехчето (димензии 40-25см.) обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата во него и убаво, со влажни раце, натапкајте ја насекаде.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 8-10 минути. Ако сакате бисквитот да биде посветол доволни се и 5 минути печење. Потоа може да ја исклучите рерната и уште некоја минута да го оставите да постои внатре. Така ќе бидете сигурни дека нема да биде премногу темен, а сепак ќе се допече.
Сепак внимавајте, бидејќи границата меѓу добро печено и прегорено се преминува во рок од само минута време
На крај извадете го бисквитот од рерна и оставете го да се излади сосема без да го покривате. Така горниот слој ќе биде малку поцврст.
Исечете го на форми какви што сакате, пред да се излади или после ладењето, сеедно.
Ви посакувам добра дружба!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И јас погрешно сум препишала :) оф лелее!!!
pridruzete se:)))
А и вкусни се исто толку многу,посебно ако сакаш кокос
без тоа не се важи
Невена ги си го најде кога ќе и одиме сите,нека му ја мисли она :)))
А за припремата што се однесува,направи,однеси кај Лили и таман ќе си ги добиеш салфетките ;)
Невенче, ти стај еден казан кафе, само да си ги врзиме патиките и доаѓаме сите. Љубица ќе носи од колачите к-анзаски, а ние другите ќе земиме по некој реквизит при рака што ќе ни се згоди ;)... ако ништо друго ќе се накитиме со широка бисерна насмевка :)))))))))
Поздрав до тебе,а и до Светланче наше :))
Ама кажи како е вклопено !
Нема какао,таков е ептен темен,тежок и доста ароматичен
А Невена си ја зеде белјата со нас кога сите ќе и појдеме на гости :)
http://en.wikipedia.org/wiki/Anzac_biscuit