Ангелски очи
Сите состојки, освен мармаладот, ставете ги во еден подлабок сад и замесете меко тесто. Тестото е малку лепливо, па затоа завиткајте го во прозирна фолија и ставете го во фрижидер да одстои 1 час.
За тоа време, мармаладот поминете го низ ситеста цедилка. Во плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 200° да се загрева.
Од тестото правете топчиња со големина од орев и редете ги во плехот на одредено растојание. Со крајот од една дрвена лажица, кој претходно ќе го набрашните, правете вдлабнатини во топчињата тесто.
Мармаладот ставете го во една кесичка за замрзнување и отсечете го крајот од кесичката за да направите мал отвор. Полнете ги вдлабнатините на колачите со мармалад и ставете да се печат 10-12 минути во претходно загреаната рерна.
Откако ќе се изладат извалкајте ги во шеќер во прав.
Колачите треба да останата светли после печењето. Кога ќе почнат одоздола да зацрвенуваат веќе се готови. Наместо путер може да користите и маргарин.
Лиценца: Сите права се задржани
Ti blagodaram za receptot!
Golemo blagodaram sto go isproba receptot i mi pravi zadovolstvo sto ti se dopadna, a dokaz za toa e tvojov kometar vo koj velis deka ke ima i nareden pat...Fala ti :)