Брз и непечен колач со неодолив вкус на алва.
Чоколадото растопете го.
Павлаката изматете ја и во неа додадете ги мелените ореви, оладеното чоколадо и ситно издробената алва. Измиксирајте да се изедначат состојките, а потоа со лажица вмешајте ги бисквитите.
Долгнавест калап (моето беше 18х8) обложете со најлон фолија и истурете половина од смесата и во неа втиснете пола од флипсот. Од штрудлата со аронија ми остана сирупот, па тука додадов и од него, за да се прошара малку.
Одозгора се дотура преостанатата смеса и се втиснува преостанатиот флипс. Се израмнува и убаво се набива и се преклопува со краевите од најлон фолијата. Оставете да одстои во фрижидер, па сечете на тенки парчиња и уживајте.

*Место сирупот вие можите да употребите сируп од некое слатко, или едноставно ишарајте со некое ребро стопено црно чоколадо или чоколаден прелив. И да се решите без шарање и прелив не е ништо страшно...и така е супер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани