Алвослада
Брз и непечен колач со неодолив вкус на алва.
Чоколадото растопете го.
Павлаката изматете ја и во неа додадете ги мелените ореви, оладеното чоколадо и ситно издробената алва. Измиксирајте да се изедначат состојките, а потоа со лажица вмешајте ги бисквитите.
Долгнавест калап (моето беше 18х8) обложете со најлон фолија и истурете половина од смесата и во неа втиснете пола од флипсот. Од штрудлата со аронија ми остана сирупот, па тука додадов и од него, за да се прошара малку.
Одозгора се дотура преостанатата смеса и се втиснува преостанатиот флипс. Се израмнува и убаво се набива и се преклопува со краевите од најлон фолијата. Оставете да одстои во фрижидер, па сечете на тенки парчиња и уживајте.
*Место сирупот вие можите да употребите сируп од некое слатко, или едноставно ишарајте со некое ребро стопено црно чоколадо или чоколаден прелив. И да се решите без шарање и прелив не е ништо страшно...и така е супер.
Лиценца: Сите права се задржани
Diana coko flips e kako mali cokoladni smoki samo okrugli
ЦРНА ЖЕНО ПРОКЛЕТА БИИИИЛА!!! :) :) :) :)
Ова е само за лудо и луди оркестар :)))
http://www.youtube.com/watch?v=EFvHv04S8ek&feature=related
... ихааа!!! дајте лажиче вени да си сечам :)
.
Мајушка, таанот мислам дека е подобро за сега да го помешаш со мед и да го претвориш во медотаан, супер е за на утро по 1 лажичка, а ако се прашувам јас би по пола тегла на ден така :))) Претпоставувам дека бидејќи алвата ја напишав како таан алва ти асоцираше на тоа ;)...но кој знае... со додавање на шеќер и таан можи и да бидни нешто... некој крем за филовање можеби. не ми давај идеи сега и тоа да почнам да експерименторам :)))