11
ное
2015
Видео рецепт: Рижото болоњезе
Фичо повторно ќе прави брз ручек од само 3 состојки, рижото со вкус на болоњезе.
Подготовка
Чекор 1: Во сад на оган ставете вода да зоврие. Кога водата ќе почне да врие додадете го оризот. За овој рецепт пожелно е да се користи ориз со долго зрно.
Чекор 2: Кога оризот ќе биде при крај, во сад за сос ставете вода и оставете да зоврие. Кога водата ќе почне да врие додадете го Фантот за сос за болоњезе. Мешајте додека да ја добие потребната густина.
Чекор 3: Исцедете го оризот и прелејте го со сосот. Додадете сецкан магдонос и убаво измешајте.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Ако користите обичен ориз, пред варење измијте го убаво со вода.