Видео рецепт: Рибја чорба
Рибја чорба! Ова е чорба која ја загрева душата и во неа можете да уживате во било кој период од годината, но ние Ви ја препорачуваме како хранлив ручек во периодот кога деновите почнуваат да стануваат се постудени. Релативно е ефтина за подготовка и преполна е со здрави хранливи состојки!
Состојки
- 2 филети риба (со коската и кожата)
- 1 парче чистено филе од бела риба
- 1 кафена лажичка Шафран во прав
- 1 голем или 2 средни домати
- 1 главица црвен кромид
- 2 листа ловор
- Неколку зрна црн бибер
- 1 морков
- неколку стапчиња целер
- 1 коцка за супа од зеленчук
- 3 чешниња лук
- 1 чаша бело вино
- 1 кафена лажичка сол
- Вода да ги покрие состојките
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Крупно исечкајте го зеленчукот. Морковот, доматите, црвениот кромид, лукот и целерот. Нив подоцна ќе ги изблендираме, па затоа не морате да се грижите за нивниот изглед.
Чекор 2: Омекнете го потврдиот зеленчук во тава, но не дозволувајте да потемни. Не сакаме тој да добие боја, туку само да го омекнеме и да ги ослободи разните вкусови.
Зачинете со неколку зрна црн бибер и сол.
Потоа ставете ги исечканите свежи домати. Тие ќе и дадат боја на чорбата и ќе ја направат слатка и свежа!
Чекор 3: Следна ќе ја ставиме коцката за супа од зеленчук, па филетите од риба, белото вино и ловоровите листови.
Покријте ги состојките со вода и оставете ги да крчкаат. Во овој дел на подготовката сакаме вкусот на рибата да се распространи низ целата чорба, па затоа оставете ја на среден оган околу 10 минути. А можеби и подолго ако имате време.
Чекор 4: Време е за блендер! Убаво изблендирајте ја чорбата за да се ослободат соковите и вкусовите од различните состојки. Потоа земете цедалка и низ неа внимателно процедете ја густата смеса. Овде може да Ви се чини дека многу храна нѝ оди фира, но всушност ги фрламе само коските и кожата од рибата. Вкусот и соковите ќе ни ја дадат основата на чорбата.
Чекор 5: Вратете ја чистата чорба во чиста тава и крчкајте ја со чистото филе од бела риба – кога филето ќе се свари, но не и да се ПРЕВАРИ, спремни сме за сервирање.
Сервирајте ја чорбата со леб, сипувајќи ја во чинија со црпалка. А потоа ставете и парчиња од филето од бела риба. Бон апетит!
СОВЕТ: Оваа верзија на рибјата чорба е базирана врз Француски рецепти и се користат свежи вкусови кои прекрасно ја подигаат. На оваа чорба прекрасната арома ѝ ја даваат доматите и целерот кога ќе се комбинираат со рибата.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки