Видео рецепт: Првомајска скара
Фичо ќе ни покаже како да подготвиме малку поинаква Првомајска скара, со месо во маринада и извонредна салата.
Подготовка
Чекор 1: Во длабок сад измешајте ги состојките за маринадата и додадете го пилешкото месо да отстои. Најдобро е преку ноќ.
Чекор 2: Марулата, руколата и зелката исечкајте ги ситно и измешајте ги. Зеленото јаболко исечете го на тенки парчиња и додадете го во салатата. Додадете ги и оревите и сувото грозје. Ставете мали парчиња рокфорд сирење и на крај зачинете со маслиново масло и балсамико оцет.
Чекор 3: Грил тавата ставете ја да се згрее. Кога е добро загреана ставете го пилешкото месо да се приготвува. Превртувајте го почесто и доколку забележите дека се засушува, премачкајте го со маринадата.
Чекор 4: Сервирајте.
СОВЕТ: Оваа маринада се вклопува со секоја скара, па може да ја користите и за свинско месо, или пак, риба.
Фичо, како убаво го стокми мевцево, едвај чекам први мај да дојде, добро бе ај и втори:)
Пишете ни порака на маил или на Фејсбук, за да се договориме. Се гледаме!!!
кој е на диета? :) :) :) :)
ми личи добро ко за сендвич со крцкаво лепче :)