Panna Cotta со бело чоколадо прелиена со инстант кафе
Одамна, кога прв пат го пробав десертов во ресторан, бев воодушевена од вкусот и се прашував како ли се прави оваа вкусотија.
Има различни варијанти на подготовка, ама овој некако ми е при срце, а и на домашните „сладокусци“ ептен им е погоден. Благодарност до мојата пријателка Цанка која ми го даде овој рецепт, кој со мали измени во преливот редовно го правам во мојата кујна.
Слатката павлака, шеќерот и млекото ги ставаме на тивко да почнат да вријат со постојано мешање. Го додаваме белото чоколадо да се растопи. Мешаме и го додаваме желатинот кој сме го раствориле со вода. Со постојано мешање ја изедначуваме густината на кремот.
Кремата ја ставаме во чаши или во силиконски калапчиња. Оставаме минимум 6 часа да се стегне.
Кафето со шеќерот треба убаво да провријат и пана котата ја преливаме кога ќе ја сервираме, а може и претходно.
Пана котата од калапчињата ја извадив во идеална форма, но дури наредниот ден. И после 6 часа беше стегната, ама ми остануваше по ѕидовите на силиконот. Кога е во чаша може да се сервира по најмалку шест часа. Мене со оваа доза ми излегоа 15 форми од силиконски калап со средна големина на форми.
Лиценца: Сите права се задржани
А за чекањето да ти помогнам... Јас кога правам панакота, секогаш пред спиење ја спремам. Многу брзо се прави, ја ставаш во фрижидер и сабајле е спремна, без да се туфкаш дали да пробаш или не, да проверуваш колку се тресе и слично :)
А советот од Алекса е баш на место, сабајле за појадок си имаш десерт :)