Видео рецепт: Орео чоколадна торта
За да го прославиме 3-тиот роденден на Мои Рецепти, Фичо ќе подготви чоколадна торта со фил од Орео колачиња.
Подготовка
Чекор 1: Решетката од рерната наместете ја на средина и загрејте ја рерната на 175 степени.
Чекор 2: Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата и солта, а во друг сад соединете ги шеќерот, киселата павлака, маслото, јајцето и екстрактот од ванила.
Измешајте ги состојките и ставете ги во округлата тава да се пече. Печете 20-25 минути во зависност од рерната.
Кога ќе се испече оставете го во калапот да се лади околу 15 минути.
Подгответе две вакви теста.
Чекор 3: Тргнете настрана шест Орео колачи, а останатите иситнете ги. Кремот кој што ќе го подготвите поделете го на два дела.
Изматете ја слатката павлака на средна брзина на миксерот и ставете ја во фрижидер.
Изматете го и вториот дел од слатката павлака со шеќерот и екстрактот од ванила. Изматете ги убаво да се соединат.
Чекор 4: Смесата од фрижидер и втората смеса соединете ги со шпатула за да добиете воздушеста смеса.
Една шолја тргнете на страна и оставете ја во фрижидер за декорација.
Во остатокот од кремот додадете ги исечканите Орео колачиња и убаво промешајте.
Чекор 5: Филувајте ја тортата и декорирајте ја. Оставете неколку часа да се спои, па сервирајте.
СОВЕТ: Среќен 3. роденден МоиРецепти!
Тортата навистина убава:) Поздрав до сите и најдобри сте/сме:):):)
Не само за честитките и убавите зборови, туку и затоа што сте тука овие години - со вашите рецепти и идеи, позитивна енергија и убава дружба!
Продолжуваме заедно понатаму.
Tortata mnogu e ubava,presekot odlicen a i Fico so tolkava lesnotija ja napravi-sekoja cest.Pozz do cela ekipa i site clenki-rodendenot e zaednicki i nie - barem jas se cuvstvuvam taka i uste mnogu rodendeni da proslavuvame!