Испечати

Видео рецепт: Орео чоколадна торта

Видео рецепт: Орео чоколадна торта

Состојки

  • За 1 ТЕСТО ќе ви треба:
  • 3/4 од шолја сенаменско брашно
  • 1/4 од шолја какао
  • 1/2 плус 1/8 лажичка сода бикарбона
  • 1/8 лажичка сол
  • 1/2 шолја и 2 лажици шеќер
  • 1/2 шолја и 2 лажици кисела павлака
  • 1/3 шолја масло
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 50 Орео колачи
  • 2 шолји млечна слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 2 1/2 шолји слатка павлака

За да го прославиме 3-тиот роденден на Мои Рецепти, Фичо ќе подготви чоколадна торта со фил од Орео колачиња.

Подготовка

Чекор 1: Решетката од рерната наместете ја на средина и загрејте ја рерната на 175 степени.

Чекор 2: Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата и солта, а во друг сад соединете ги шеќерот, киселата павлака, маслото, јајцето и екстрактот од ванила.

Измешајте ги состојките и ставете ги во округлата тава да се пече. Печете 20-25 минути во зависност од рерната.

Кога ќе се испече оставете го во калапот да се лади околу 15 минути.

Подгответе две вакви теста.

Чекор 3: Тргнете настрана шест Орео колачи, а останатите иситнете ги. Кремот кој што ќе го подготвите поделете го на два дела.

Изматете ја слатката павлака на средна брзина на миксерот и ставете ја во фрижидер.

Изматете го и вториот дел од слатката павлака со шеќерот и екстрактот од ванила. Изматете ги убаво да се соединат.

Чекор 4: Смесата од фрижидер и втората смеса соединете ги со шпатула за да добиете воздушеста смеса.

Една шолја тргнете на страна и оставете ја во фрижидер за декорација.

Во остатокот од кремот додадете ги исечканите Орео колачиња и убаво промешајте.

Чекор 5: Филувајте ја тортата и декорирајте ја. Оставете неколку часа да се спои, па сервирајте.

СОВЕТ: Среќен 3. роденден МоиРецепти!