Французите се мајстори за омлети и имаат онолку рецепти за омлет колку што има денови во годината. Денес со омлетот спојуваме ореви за да добиеме многу вкусна алтернатива на обичниот рецепт за омлет!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • Полна рака ореви
  • 4 јајца
  • 50 грама путер
  • Сол и бибер

    Вид на оброк: Појадок
    Комплексност: Лесно
    Лица: 2
    Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Земете ги свежите ореви и исечкајте ги на мали парчиња... Не сакаме да ги исечкаме премногу ситно...

Чекор 2: Искршете ги јајцата и изматете ги со сол и бибер.

Чекор 3: Овде почнуваме да го правиме омлетот... Истопете малку путер во тавата и ставете ги оревите.

Пржете ги 4-5 минути на средно слаб оган. Ќе се ослободи дел од маслото и вкусот на оревите, но не сакаме тие да изгорат.

Чекор 4: Ставете ги јајцата и измешајте ги... потоа оставете ги да се испржат...

Намалете го огнот за омлетот да не загори и целосно да се испржи.

Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно излизгајте го омлетот од тавата во чинија и спремни сте за јадење.

СОВЕТ: Комбинацијата од путер, јајца и ореви е одлично вклопена во овој богат рецепт. Омлетот е одличен брз и лесен ручек или појадок... Овој рецепт можете дури да го направите и сладок ставајќи малку шеќер во јајцата или завршувајќи го рецептот со мед.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење