Видео рецепт: Омлет Боли Глава
Разликата меѓу Француски и Македонски омлет е мала, а со мала промена на подготовката ќе добиете различна текстура и различен вкус, и со сигурност ќе имате вкусен појадок. Погледнете го видеото, Фичо ќе ви покаже како!
Внимавајте со печењето на омлетот, може многу лесно да изгори – значи, концентрација во тавчето! Добар омлет е наука и се учи во школо, сериозно!
Подготовка
Омлет 1: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата). Подмачкајте ја тавата со маслиново масло, додајте лажица путер и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано правите иксови врз омлетот, се додека не се испржи. Потоа сервирате по желба.
Омлет 2: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата), додавате ситно сечкан млад кромид или власец, промешувате. Подмачкајте ја тавата со путер, додајте малку маслиново масло и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано мешате во сите правци, најизменично.
Сервирајте додека е уште врело, и уживајте!
СОВЕТ: Знаете ли дека француските готвачи добивале рејтинг според способноста колку врсти на омлет можат да направат. Според тоа добивале и свитки (спратови) на капите!
https://www.youtube.com/watch?v=urv5_4nS9EM