Чорба од свинска глава
Вкусна утринска чорба....
Најпрво половинката од главата убаво се мие. Се става во подлабоко тенџере и се налева со вода, да ја покрие и се зоврива.
Водата се истура, главата уште еднаш убаво се мие и се налева со чиста вода да ја покрива. Се става на оган, штом зоврие се намалува огнот, се додава сол, неколку ловорови ливчиња и зрната црна пипер. Се вари на умерен оган, додека почни да се двои месото од коската.
Штом е варено, се чисти убаво месото од коската. Се кини на ситни парченца. Се става во тенџере во која ќе ја правиме чорбата. Количината на водата сами треба да си ја одредиме, во зависност од тоа колку месо имаме. Дел од водата што ја налеваме ќе биде од таа што се вареше главата, а дел чиста, да речам од чешма.(Не се става цела од варената, бидејќи е многу мрсна.) Се става да зоврие.
Ги додаваме компирите-рендани, еден морков, пашканатот, целерот-рендани, лукчето ситно исецкано, а оризот истребен и измиен. Ги додаваме и преостанатите ловорови ливчиња. Вариме на умерен оган додека зарзаватите се сварат.
Правиме бела запршка, така што на загреано масло прво го пропржуваме вториот морков-рендан, а тоа е за да ни се обои маслото. Го собираме морковот со лажица и го тргаме на страна, повеќе не ни треба. Па го додаваме брашното и го пржиме додека убаво порумени.Постепено ја излеваме запршката во тенџерето со чорбата и мешаме. Оставаме да зоврие и пробуваме за вкус. Зачинуваме со зачините. Оставаме уште малку да повари на умерен оган.
Се служи со толчено лукче со малку сол и киселина...
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани