Супа од свинска глава
Прво свинската глава се мие и се остаава во тенџере со вода да одстои 2 часа.
Се фрла водата.
Се налива чиста вода, се додава сол, зрна бибер и целиот зеленчук.
Се става на тивко да се вари 2 часа, а по потреба се одпенува.
Сварената глава се чисти, се вади само месото, јазикот, мозокот.
Течноста се процедува и по потреба се налива уште вода.
Се зачинува се додава месото, се сецкаат сварениот морков, целер, пашканат.
Се додава фидето и вари уште некоја минута.
На крај се додава оцет и магдонос.
По желба во оцетот се става и толчен лук.
До колу е многу мрсна со лажица се отстранува маснотијата која плива најгоре во тенџерето.
Лиценца: Сите права се задржани