Nocelattissima - домашен еурокрем
Во потрага по крем кој нема да содржи конзерванси и адитиви, а да ги задоволам потребите за сладок крем кај децата, дојдов до овој рецепт кој воодушевува со својот вкус. Содржителен, со многу млеко, лешници, оревчиња и можете освен за појадок да го користите и во торти и колачи.
Подготовка
Ги потпекуваме јаткастите плодови, сосема кратко. Ги мелеме на машинка за мелење ореви, па во машинка за мелење кафе, за да се добијат сосема ситни честички, како прав.
Водата, шеќерите и путерот ги ставаме да зовријат. Ги оставаме 2 минути да вријат, ја намалуваме температурата на ринглата и потоа внимателно мешајќи со маталка го додаваме млекото во прав. Мешаме постојано да не ни се направат грутчиња. Го тргаме тенџерето на страна и го додаваме правот од јатките овошје.
Ја делиме смесата на два дела, доколку сакаме да имаме и темен дел, па во едниот додаваме чоколадо и мешаме додека да се стопи.
Забелешка
Имам употребено и само лешници и само листови од бадеми, многу добри вкусови се добиваат, ама со многу малку разлика. Затоа одберете си што ќе си ставите во кремот. Јас овојпат ставив ореви, индиски ореви и бадеми.
Јаткастото овошје можете и директно во машинка за мелење кафе да го сомелете, ако сеуште е топло. Јас така направив овојпат, кога го подготвував овој намаз.
Овој пат ми се направија мали грутчиња од млекото во прав, па целата смеса ја префрлив во блендер и миксирав до измазнување. Така да си имате во предвид кога ќе го правите кремот, може и тоа да се случи, а зависи од составот и влагата на млекото во прав. Од дозава на продукти добивате околу 400 гр намаз.
Го чувам надвор од фрижидер, ама си планирам да се потроши за околу една недела до 10 дена. Можете да го чувате и во фрижидер, ама тогаш е постегнат и не се мачка лесно.
Лиценца: Сите права се задржани