Домашен еурокрем со путер и лешници
Рецептот го видов на интернет па решив и јас да го пробам и за среќа убаво излезе. Лешниците се мелат во машинка (или блендер). Какаото, брашното и шеќерор во прав ги мешаме заедно и во нив додаваме пола литар млеко и јајцето и убаво промешуваме. Другата половина од млекото ја ставаме во тенџере на оган да зоврие. Во зовриеното млеко со постојано мешање ја додаваме претходната смеса, ги додаваме и лешниците и промешуваме. Ја намалуваме температурата на огнот и мешаме се додека смесата не згусне. Го вадиме тенџерето од огнот и го додаваме путерот и промешуваме. Кога ќе се излади смесата ја матиме со миксер. Готовиот еурокрем се остава да преноќи во фрижидер. Овој еурокрем се чува во стаклени тегли и во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Драга slaganag, мораме да ја пофалиме фотографијата и се надеваме дека ќе продолжиш вака :)
и фоткава ти е супер. ептен погодена за рецептов :)