Mанчмелоу
Од состојките за колачи се замесува глатко тесто. Најпрво ставете 450 грама брашно и со тек на месењето ако е потребно додадете. Мене ми беа потребни уште некои 20-30 грама. Остатокот чувајте го за расукување. Тестото ставете го во фрижидер да одстои најмалку 2 часа, а можете да го оставите и до ден-два.
Оладеното тесто се расукува во кора, најтанка што може на набрашнета површина и со помош на тркалезно калапче или чашка се вадат кружни форми, кои се печат на намрсен плех или пек хартија на 180 степени, 10-15 мин.
За пената, ставаме водата, шеќерот и медот да се варат се додека не се појават меурчиња (околу4-5 мин). Се тргаат на страна и се додава желатинот, предходно растворен во 4те лажици вода и добро се имешува.
Настрана, се матат 4те белки во цврста пена и потоа постепено, лажица по лажица,непрекинато матејќи, се додава од сварениот сируп. На крај се додава и екстрактот од ванила и мати се додека не се добие потребната густина.
Смесата за пена ја ставаме во шприц за филовање торти со најмал отвор и со неа ги филоваме колачињата. Најдобро е да се стави шприцот на средина на колачето и да се истиснува од пената додека не стигне до рабовите.
Вака филованите колачиња, се оставаат да се сушат на собна температура најмалку 2 часа, а најдобро е да одстојат преку ноќ. Потоа, се глазираат со растопеното чоколадо во кое сме го додале маслото.
Оригиналот на рецептот е чоколадото да е млечно. Јас пробав и со млечно и со готварско. Разликата беше таа што, со готварското чоколадо се поблиски на вкус, а и полесно и побрзо се суши, што неможам да го потврдам истото и за млечното. Па вие одберете си по желба какво ќе употребите, или како мене ќе испробате и од двете.
Овој рецепт го најдов на 2 места. Тоа што ме изненади е дека излагуваат околу 90 парчиња, а тоа не го споменале. Имајте си го ова во предвид, да не се изненадите и вие како мене Ч)))
Сладете се!
Лиценца: Сите права се задржани
а знаеш зошто? знаеш? ај размисли, па пиши ми :) :) :) :)
чекај сега. неколку дена ме немаше, да видам кој се' готвел и што готвел, па да ги оговарам по село :) :) :) :)
не ми се смеј, труп сум :) :) :) :)
не ти се шлакаа прстите? не ти паѓаше пената од тестото?
не ни мислам да почнам да ги правам, затоа што ако не ми се вака личи, душа ќе ми се распара :) :) :) :)
Ги почнував од страна, бидејќи тој ден е нерамен за убаво да фати (така ми налагаше барем мене логичката логика), а после ако не сакаш да ги брцкаш со белиот дел, можи претпоставувам и со лажичка, ама јас си пресметав дека така повеќе прсти ќе си исшлакам, а и можно би било и зијан чоколадо да замини :))) ... земи напрај ги, кога можам јас-можиш и ти сигурно ;)
Emi, користам http://pizap.com/ кога сакам да скратам, а сепак да додадам повеќе слики :). Зошто би била тајна, убавото овдека е што можеме да споделиме тоа што знаеме и умееме, секако и да научиме нешто ново ;)
aknaDMK, отприлика 300 гр чоколадо би требало да е доволно, но во зависност од врстата, можно е да оди и повеќе. Некои чоколада се потечни, некои не кога ќе се стопат (барем јас така сум приметила, веројатно зависи тоа од % на какаото во нив)
Аница, договорено ;) успорувам и ќе се свртам на нешто полесно летово. И јас како тебе не можев да им одолеам да не ги направам и веднаш тука да ги споделам овие :) Арно вика ЛилиН, џабе ми и справа и патики, вака само на благо по жешково не ја бива :))) Не верував дека некој некогаш ќе ме пофали вака и искрено(и за чудо) пријатно ме изненадија твоите зборови :) <3 П.С.: Со обзир дека сум си многу радознала личност и секаде си го пикам носот да научам нешто, не се сметам баш искусна и стручна на ова поле. Јас сум кампањски тип во кујна :) Но, дружејќи се тука со вас, мотивацијата овие месеци е поголема, а мојата радозналост кога ќе се устремам на нештото гледам да го направам најдобро што можам. Позз
Мои рецепти, вас посебно ви благодарам, реков дека моите рецепти не сакам да учествуваат во наградната игра, иако како рецепт на денот ми прави посебно задоволство. Но, за да не бидам погрешно сватена, дека само јас се делам или бунтовам нешто, ете, нека биди... ќе тераме така ;)