Испечати

Mанчмелоу

Mанчмелоу

Состојки

  • За колачите
  • 450-500 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 пак. прашок за печење (пециво)
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче цимет
  • 220 гр маргарин
  • 3 јајца
  • За пена
  • 120 мл вода
  • 4 лажици преполни мед
  • 320 гр шеќер
  • 10 гр желатин
  • 4 лажици ладна вода
  • 4 белки
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • За глазура
  • 300 гр чоколадо (најмалку)
  • 9 лажици масло

Подготовка

Од состојките за колачи се замесува глатко тесто. Најпрво ставете 450 грама брашно и со тек на месењето ако е потребно додадете. Мене ми беа потребни уште некои 20-30 грама. Остатокот чувајте го за расукување. Тестото ставете го во фрижидер да одстои најмалку 2 часа, а можете да го оставите и до ден-два.
Оладеното тесто се расукува во кора, најтанка што може на набрашнета површина и со помош на тркалезно калапче или чашка се вадат кружни форми, кои се печат на намрсен плех или пек хартија на 180 степени, 10-15 мин.
За пената, ставаме водата, шеќерот и медот да се варат се додека не се појават меурчиња (околу4-5 мин). Се тргаат на страна и се додава желатинот, предходно растворен во 4те лажици вода и добро се имешува.
Настрана, се матат 4те белки во цврста пена и потоа постепено, лажица по лажица,непрекинато матејќи, се додава од сварениот сируп. На крај се додава и екстрактот од ванила и мати се додека не се добие потребната густина.
Смесата за пена ја ставаме во шприц за филовање торти со најмал отвор и со неа ги филоваме колачињата. Најдобро е да се стави шприцот на средина на колачето и да се истиснува од пената додека не стигне до рабовите.
Вака филованите колачиња, се оставаат да се сушат на собна температура најмалку 2 часа, а најдобро е да одстојат преку ноќ. Потоа, се глазираат со растопеното чоколадо во кое сме го додале маслото.
Оригиналот на рецептот е чоколадото да е млечно. Јас пробав и со млечно и со готварско. Разликата беше таа што, со готварското чоколадо се поблиски на вкус, а и полесно и побрзо се суши, што неможам да го потврдам истото и за млечното. Па вие одберете си по желба какво ќе употребите, или како мене ќе испробате и од двете.
Овој рецепт го најдов на 2 места. Тоа што ме изненади е дека излагуваат околу 90 парчиња, а тоа не го споменале. Имајте си го ова во предвид, да не се изненадите и вие како мене Ч)))
Сладете се!