Лососот сам по себе е одличен кога и да го сервираме на чинија, но тој што го измислил овој рецепт бил особено екстравагантен. Две сочни кременадли од лосос замотани во лиснато тесто со фил од зелен зеленчук за вкус. А толку е лесно за правење!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 големи кременадли од лосос
  • 500 грама лиснато тесто
  • Смеса од млеко и јајца (Треба да е доволно 1 јајце и 50 мл млеко)
  • Една рака грашок
  • Една рака спанаќ
  • Една рака магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Прво ќе го исчистиме лососот од кожата со помош на остар нож за филети. Поминете со ножот меѓу кожата и месото.

Чекор 2: Исечкајте ги магдоносот и спанаќот. Измешајте ги заедно со грашокот и зачинете со сол, бибер и малку маслиново масло.

Чекор 3: Попрскајте ја масата со брашно и одвиткајте го лиснатото тесто. Тестото секогаш е полесно за работа кога е студено од фрижидер. Одмотајте го до дебелина нешто поголема од 1 сантиметар. Ставете една кременадла од лосос на средината од тестото. Со лажица ставете ја смесата од магдонос, спанаќ и грашок врз рибата и потоа поклопете ја со другата кременадла од лосос.

Премачкајте го тестото со смесата од млеко и јајца по страните и со нож направете правилна форма околу лососот. Вишокот леснато тесто ставете го настрана (или зачувајте го за друг рецепт).

Поклопете го лососот со тестото, преклопете го тестото уште еднаш и подвиткајте ги краевите навнатре. Ставете уште малку од смесата од јајца и млеко и направете линија која ќе ви помогне во преклопувањето.

Чекор 4: Превртете го тестото од другата страна и ставете го во тавата. Со четка премачкајте го целото тесто со смесата од јајца и млеко и зачинете. На крај земете мало ноже и засечете го тестото на неколку места, но внимавајте да не го издупчите целото тесто. Направете исто во спротивен правец и ќе добиете одличен ефект при сервирањето.

Чекор 5: Печете во обична рерна 30 минути на температура од 200 степени. Лиснатото тесто не треба да се пече на ниска температура затоа што ќе стане накиснато и мокро.

Чекор 6: Сервирајте така што едноставно ќе го расечете тестото на маса и спремни сте за јадење. Овој рецепт треба да е доволен за 4 лица.

СОВЕТ: Ви препорачуваме да ставите лесен гарнир како зеленчук варен на пареа и компир. Лесно ќе ги импресионирате Вашите гости на вечера ако го послужите ова јадење, но немојте да им кажувате колку е лесно за подготовка!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет тави за пица
Сет тави за пица