Фичо ќе ни даде идеја ја сладок појадок, лиснати пецива со крем сирење и чоколадо.

Подготовка

Чекор 1: Лиснатото тесто одмрзнете го во фрижидер, па расукајте го тенко. Во сад ставете го крем сирењето, додадете ванила арома и шеќер и мешајте да се спои.

Чекор 2: Тестото премачкајте го со слој од мешавината со крем сирење. Чоколадото исечкано на ситни парчиња распоредете го врз крем сирењето и направете ролна.

Чекор 3: Исечете ја ролната на парчиња со дебелина од околу сантиметар и половина и наредете ги во тавата.

Чекор 4: Печете на 175 степени во претходно загреана рерна додека да зарумени тестото, да добие светло кафеава боја. Околу 15 минути.

Чекор 5: Веднаш извадете ги од тавата и сервирајте!

СОВЕТ: Вкусот на овие пецива ќе зависи од видот на чоколадото кое ќе го употребите, Фичо препорачува да го користите вашето омилено чоколадо.