Видео рецепт: Клуб сендвич на векот
Фичо ќе приготви Клуб сендвич во негова верзија, ќе му додаде пржена сланина, мајонез со лук и компири.
Подготовка
Чекор 1: Грил тавата премачкајте ја со путер и ставете ја на оган да се загрее. Парчињата тост запечете ги од двете страни. Во тавата запржете ги парчињата сланина. Сланината ставете ја на хартиена салфета да се впијат маснотиите.
Чекор 2: Измешајте една лажичка лук со три лажици мајонез и оставете во фрижидер да се зацврсне.
Чекор 3: Компирите излупете ги и исецкајте ги на тенки парчиња. Ставете ги во сад во кој што ќе додадете бибер, сол, кари, оригано и путер (или свинска маст). Печете на 200 степени околу 20 минути./p>
Чекор 4: Првото лепче намачкајте го со мајонезот со лук, ставете варена шунка, марула и ајдамер. Намачкајте го и второто лепче и ставете го врз марулата. Наредете кругови домат, пржената сланина, ајдамер, рукола и на крај третото лепче намачкано со мајонезот со лук. Дополнете со печените компири и сендвичот е готов.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Сендвичот можете да го комбинирате и со класични пржени компири.