Фичо вели дека не постои класичен рецепт за Канапеи, тие се плод на вашата креативност. Тој ќе ни подготви дел од неговите идеи за Канапеи.

Подготовка

Чекор 1: Ќе набавите состојки по ваша желба, зависи која комбинација ќе ја одберете. Дополнително може да искомбинирате и урми и пршута.

Чекор 2: За Гвакамоле сосот, доволно ви е едно авокадо во полна зрелост и една галва кромид со средна големина, ситно ќе ги исецкате и ќе ги споите заедно со лимонов сок и сол како би добиле Гвакамоле сос.

Чекор 3: За корпите потребни ви се готови кори за печење, ќе ги формирате како корпички во силиконската модла за мафини и ќе ги наполните со ситно исецкана сланина, малку магдонос и малку моцарела.

Припремата на корите е слична како за пита, ќе ги испрскате со кисела вода и малку масло за јадење. За една корпица доволни ви се 3-4 кори во пластови.

Чекор 4: За другите комбинации, погледнете го видеото. Секогаш може да направите и други според ваша желба!

СОВЕТ: Кога се работи за Канапеи, секогаш добро ќе ви дојде да имате блендер при рака, можностите стануваат се повеќе!