Видео рецепт: Канапеи
Состојки
- Ќе ви треба (зависно од комбинацијата):
- 300 гр. шери домати
- 200 гр. плаво сирење
- димен лосос
- 1 краставица
- малку копар
- млечен намаз
- една китка француски магдонос
- неколку јајца од препелица
- 2-3 обични јајца
- 100 гр. биено сирење
- 100 гр. маслинки со пиперче
- црвена зелка
- сланина и пршута
- парче моцарела
- неколку видови на леб
- готови кори
- 1 авокадо
- 1 кромид
- 1 лимон
- Сол, бибер и маслиново масло
Фичо вели дека не постои класичен рецепт за Канапеи, тие се плод на вашата креативност. Тој ќе ни подготви дел од неговите идеи за Канапеи.
Подготовка
Чекор 1: Ќе набавите состојки по ваша желба, зависи која комбинација ќе ја одберете. Дополнително може да искомбинирате и урми и пршута.
Чекор 2: За Гвакамоле сосот, доволно ви е едно авокадо во полна зрелост и една галва кромид со средна големина, ситно ќе ги исецкате и ќе ги споите заедно со лимонов сок и сол како би добиле Гвакамоле сос.
Чекор 3: За корпите потребни ви се готови кори за печење, ќе ги формирате како корпички во силиконската модла за мафини и ќе ги наполните со ситно исецкана сланина, малку магдонос и малку моцарела.
Припремата на корите е слична како за пита, ќе ги испрскате со кисела вода и малку масло за јадење. За една корпица доволни ви се 3-4 кори во пластови.
Чекор 4: За другите комбинации, погледнете го видеото. Секогаш може да направите и други според ваша желба!
СОВЕТ: Кога се работи за Канапеи, секогаш добро ќе ви дојде да имате блендер при рака, можностите стануваат се повеќе!