Фичо ќе направи Рижото со Вргањ, по класичен италијански рецепт.

Подготовка

Чекор 1: Ситно исечкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги на маслиново масло и путер. Додадете го ловоровиот лист и пршутата, сол и бибер. Пропржете ги заедно на кратко, да се соединат вкусовите. Додадете го оризот и извадете го ловоровиот лист. Оризот пржете го додека не стане стаклест, да добие сјај.

Додадете го виното и гответе го на средна температура.

Чекор 2: Во сад ставете ја водата, коцката супа и сварете го бујонот.

Чекор 3: Кога ќе забележите дека виното испарило, додадете 1/3 од бујонот и оваа постапка повторете ја уште два пати.

Чекор 4: Исечкајте го Вргањот на парчиња и пропржете го на загреан путер. Вргањот се додава на крај бидејќи ако долго се готви ќе го изгуби мирисот и вкусот.

Чекор 5: Исечкајте го магдоносот и додадете го во Рижотото. Убаво промешајте и Рижотото е готово.

СОВЕТ: Кога ќе го правите овој рецепт нема компромис во состојките за да го добиете совршениот вкус. Можеби ќе ве чини повеќе од обичен ручек, но навистина вреди.