Видео рецепт: ЈНА Гулаш
Фичо пронајде како се подготвувал гулашот во поранешната ЈНА. Погледнете го видеото, за да дознаете како!
Подготовка
Чекор 1: Во Делимано ѓезвето загрејте вода и откако ќе зоврие додадете ја коцката за говедска супа. Ако имате домашен бујон, уште подобро.
Чекор 2: Исецкајте го месото на коцки 2х2см.
Посолете го и ставете го малку да се пропржи на функцијата Sauté (потпржување). Откако ќе се пропржи извадете го од Гурмет пекачот и оставете го на страна.
Чекор 3: Исечкајте ги на коцкички кромидот, морковите, па и лукчето и пропржете ги на малку маслиново масло и лажица путер на функцијата Grill (скара). Додадете ги Пелатите малку исечкани, шеќерот и мешаниот зачин. Вратете го месото, па ставете ловорови листови и наросете со црвениот пипер. Додајте од бујонот да се покрие месото и затворено оставете го да се крчка околу 1 ипол до 2 часа, на функцијата Slow Cook (бавно готвење). По потреба, додавајте од бујонот.
Чекор 4: Додека се приготвува гулашот, сварете компири и направете пире кое ќе служи како подлога за сервирање на гулашот.
СОВЕТ: Нас вкусот на овој рецепт не врати во детството. Се надеваме дека ќе го подготвите и ќе ги споделите вашите впечатоци!
(Ич не сте знаеле што да јадете во ЈНА.)
Тоа мевцето се смее, многу убаво го подготви... ммм ..ми замириса до тука... ммммм
не се зезам, најозбилно ми стигна покана за војска. ги реметев другарите дека прво кај мене на банкет треба да дојдат, па да чекаат отсуство да добијам за да дојдам кај нив на банкет, ако воопшто некогаш ги викнат. дека нели, само вистински мажи одат во војска :) :) :) :)