Испечати

Видео рецепт: ЈНА Гулаш

Видео рецепт: ЈНА Гулаш

Состојки

  • 500 гр. говедска плешка
  • 500 гр. говедски врат
  • 4 главици кромид
  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 1 коцка за говедска супа
  • 200 гр. Пелати домати
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2 ливчиња ловоров лист
  • лажица путер и маслиново масло
  • Ќе ви треба и:
  • Компири за пире за послужување

Фичо пронајде како се подготвувал гулашот во поранешната ЈНА. Погледнете го видеото, за да дознаете како!

Подготовка

Чекор 1: Во Делимано ѓезвето загрејте вода и откако ќе зоврие додадете ја коцката за говедска супа. Ако имате домашен бујон, уште подобро.

Чекор 2: Исецкајте го месото на коцки 2х2см.

Посолете го и ставете го малку да се пропржи на функцијата Sauté (потпржување). Откако ќе се пропржи извадете го од Гурмет пекачот и оставете го на страна.

Чекор 3: Исечкајте ги на коцкички кромидот, морковите, па и лукчето и пропржете ги на малку маслиново масло и лажица путер на функцијата Grill (скара). Додадете ги Пелатите малку исечкани, шеќерот и мешаниот зачин. Вратете го месото, па ставете ловорови листови и наросете со црвениот пипер. Додајте од бујонот да се покрие месото и затворено оставете го да се крчка околу 1 ипол до 2 часа, на функцијата Slow Cook (бавно готвење). По потреба, додавајте од бујонот.

Чекор 4: Додека се приготвува гулашот, сварете компири и направете пире кое ќе служи како подлога за сервирање на гулашот.

СОВЕТ: Нас вкусот на овој рецепт не врати во детството. Се надеваме дека ќе го подготвите и ќе ги споделите вашите впечатоци!