Видео рецепт: Гиро а ла Фичо
Фичо ќе подготви Гиро по негов вкус. Кога станува збор за Гиро, може да биде само со свинско месо. Од телешко се нарекува Донер. Секогаш можете да ставите малку пилешко.
Подготовка
Чекор 1: Наредете го апаратот со месото, по еден ред од секој вид на месо се' додека има месо. Помеѓу секој ред ставете ги зачините.
Чекор 2: Компирот исечкајте го како за помфрит, ставете сол и бибер и ставете го во рерна да се пече на 200 степени.
Чекор 3: Гиро питите запечете ги на грил тавата со малку маслиново масло.
Чекор 4: Подгответе го и Sаѕики сосот. Лукчето ситно исецкајте го, изрендајте ги краставичките и измешајте ги сите состојки убаво да се соединат.
Чекор 5: Сервирајте порција Гиро, како што тоа го прави Фичо, или пак завиткајте го во питата.
СОВЕТ: Одберете помасен пафлак, само така Гирото ќе биде вкусно како што очекувате.
Имам едно прашање (од смеење на глас, не внимавав убаво, и не знам можеби си кажа) колку време се печеше месото?
Во следните 20-тина се допече целото, и како што може да се види - се изеде до крај :))))
и фала богу дека ќе го завиткаМЕ во питата, таман работа растурено да го јадеМЕ ко некои аматери :) :) :) :)