10
јул
2020
Gelo di anguria- Пудинг од лубеница
Ова е рецепт за италијански десерт со лубеница впрочем нешто како пудинг од лубеница....Се подготвува многу брзо...
Подготовка
1. Потребна ни е слатка и зрела лубеница од која најпрво ги отстрануваме семките.
2. Ја блендираме и дел од сокот го разматуваме со густин, а останатиот дел го ставаме заедно со шеќерите во тенџере.
3. Го загреваме сокот до вриење, па го ставаме густинот.
4. Мешаме додека да згусне.
5. Зачинуваме со малку цимет и смесата ја распоредуваме во чаши.
Забелешка
Можете да го распоредите и во силиконски калапи или калапи за пудинг, па кога ќе се стегне само да го превртите десертот.
Најдобро е да се сервира со рендано чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
кај мене со додаток на анис и лимон наместо цимет. ќе се проба и твојата комбинација секако е сезоната сега