Gelo di anguria- Пудинг од лубеница
Состојки
- 500 гр лубеница
- 50 гр густин
- 60 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- прстофат цимет
- прстофат сол
Подготовка
Ова е рецепт за италијански десерт со лубеница впрочем нешто како пудинг од лубеница....Се подготвува многу брзо...
Подготовка
1. Потребна ни е слатка и зрела лубеница од која најпрво ги отстрануваме семките.
2. Ја блендираме и дел од сокот го разматуваме со густин, а останатиот дел го ставаме заедно со шеќерите во тенџере.
3. Го загреваме сокот до вриење, па го ставаме густинот.
4. Мешаме додека да згусне.
5. Зачинуваме со малку цимет и смесата ја распоредуваме во чаши.
Забелешка
Можете да го распоредите и во силиконски калапи или калапи за пудинг, па кога ќе се стегне само да го превртите десертот.
Најдобро е да се сервира со рендано чоколадо.