Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Лудо ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Домашна боза.

Познавате ли некој кој не ужива во чаша ладна и освежителна боза? Сигурно мислевте дека е тешко да се направи дома, но oвој рецепт ќе ве убеди во спротивното. Потребни ви се само брашно, шеќер и квасец.

Подготовка

Чекор 1: Брашното ставете го да се пржи на суво. Мешајте постојано да не загори, бидејќи така бозата ќе добие горчлив вкус.

Кога брашното ќе добие златеста боја, додадете ја водата. Мешајте постојано за да не се направат грутки. Варете околу 5-1о минути за брашното убаво да се свари и да се добие кашеста смеса.

Чекор 2: Додадете го и шеќерот. Пробајте на вкус дали ви е доволно благо. Доколку не е, додадете шеќер по желба, промешајте и оставете убаво да се олади.

Чекор 3: Свежиот квасец измешајте го со малку вода и шеќер и оставете да стаса.

Кога бозата е оладена додадете го стасаниот квасец, убаво промешајте и оставете го 24 часа на собна температура да ферментира.

Чекор 4: Изладете ја, и потоа сервирајте ја бозата сама, или со вашите омилени слатки!

СОВЕТ: За подобра арома, можете да додадете и 10 грама ванилин шеќер. Може да употребите било какво брашно кое го имате дома.