Колач со кафе и пудинг - Coffee mud cake
Одличен колач во моја верзија со мала измена во составот...
Подготовка.
На почеток го подготвуваме филот со пудингот. Во касерола го сипуваме шеќерот го карамелизираме на тивок огин. Во мал дел од млекото го разматуваме пудингот, преостанатото млеко го супуваме во карамелот полека(внимавајте може малку да прска)мешајте додека карамелот се растопи. Во него полека сипете го пудингот и мешајте додека не добиеме убав густ крем. Во кремот додадете го чоколадото промешајте додека се стопи и оставете да се излади.
Почнуваме со подготовка на бисквитот.
Растопете го путерот и чоколадата и во нив додадете го коњакот и кафето. Потоа дададете ги јајцата, шеќерот, ванилата, брашното и содата бикарбона убаво соединете ги сите состојки. Во ростер тавата сипете ја смесата која може да ви изгледа ретка, но таква треба да биде. Печете на 170степени еден час додека не се испече на средина.
Врз печениот бисквит ја сипуваме предходно стопената чоколада заедно со путерот и млекото. Врз чоколадата го сипуваме филот со пудинг и посолуваме со кокос. Убаво изладениот колач го сечеме и послужуваме со едно убаво пријателско кафе.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани