Видео рецепт: Ципура со сос од магдонос и лук
Ципурата се смета за кралица на рибите поради големото количество на месо кое го содржи за среќа на оној кој ја јаде, заедно со неговата сочност и текстура. Таа е одлична ако е подготвена на скара или печена во рерна. Овде ќе ја послужиме со класична комбинација на магдонос и лук во маслиново масло.
Состојки
- 2 цели риби Ципура
- 5 чешниња Лук
- 1 китка Магдонос
- 1 лимон (по желба)
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на сосот, прво многу ситно исечкајте ги магдоносот и чешнињата лук и измешајте ги заедно со сокот од лимонот и многу маслиново масло. Добро зачинете, за одличен вкус!
Чекор 2: Со долг, остар и ребрест нож исечете дијагонални линии на страничните делови од рибата, за да може месото поубаво да ги впие сите вкусови и да го забрзаме процесот на готвење. Прво полијте со маслиново масло, потоа додајте го сосот и на крај и парчињата лимон.
Чекор 3: Печете во рерна 25 минути на 160 степени.
Чекор 4: Послужете со листови блитва и уште малку од сосот, и подготвени сме за јадење!
СОВЕТ: Ципурата е риба со одличен вкус, па затоа кога ја подготвувате нема потреба да експериментирате со дополнителни зачини. Едноставниот сос од магдонос и лук е одличен и во комбинацја со црн дроб.
kajmene e Branzino i limonot isceden :)) a ovaa vasava se vika Orata ili ne?
Ама како мирисаше...уф ,уф, уф...не оваа риба туку самиот маркет од морскиве суштества :)
Nevazno, ribata e sovrseno spremena !!!
Имате одлични рецепти и едноставни за употреба.
Поздрав