![Ципура со лук,магдонос и лимон(посно)](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/-%d1%81%d0%be-%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%bd-b400ee-800x496.jpg)
Ципура со лук,магдонос и лимон(посно)
Уште еден начин на подготовка на риба.
1. Најпрвин рибата измиена и исчистена ја засекуваме на неколку места и ја посолуваме внатре и во засекотините.
2, Во блендер го ставаме магдоносот, лукот, сокот од лимонот и маслиновиот зејтин. Од оваа смеса тргаме на страна 4 лажици и подоцна можеме да ја употребиме како сос за готовота риба. Потребно е само да додадеме малку сол и малку сок од лимон и добиваме одличен сос.
3. Ги додаваме компирот и морковот, им додаваме сол и маслинов зејтин и ги ставаме на дното на тавата. Врз нив го редиме лимонот исечен на тркалца. Полеваме со виното.
4.Од смесата од магдонос и лук ставаме внатре во рибата и во засекотините,а ако ви остане од смесата премачкајте ја целата риба.
6.Вака приготвената риба ставете ја да се пече на 180-200 степени околу 35 минути.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови