Видео рецепт: Чизкејк во чаша
Ова е неверојатно лесен рецепт за Чизкејк кој не треба да се пече и не одзема воопшто време – кога е премногу топло и не сакате да поминете многу време во кујната, подгответе го овој рецепт и УЖИВАЈТЕ!
Состојки
- Една рака јагоди
- 250 грама крем сирење
- 4 супени лажици шеќер во прав
- Екстракт од ванила (по желба)
- 8 бисквити
- 50 грама путер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет 2 сада за матење.
Подготовка
Чекор 1: Во една тава стопете го путерот и додадете ги искршените бисквити. Убаво промешајте. Нема потреба да додавате шеќер бидејќи бисквитите се благи.
Чекор 2: Направете ја смесата од крем сирење, шеќер во прав и екстракт од ванила. Овие состојки убаво промешајте ги.
Чекор 3: Исечкајте ги јагодите или пак некое друго сезонско овошје, кое ви е при рака.
Чекор 4: Време е да го послужите Чизкејкот во чаши – одберете некоја поубава стаклена чаша и на дното ставете и бисквитите. Над нив додадете ја мешавината од крем сирење, па јагодите. Направете неколку вакви слоеви додека да ја наполните чашата. Одозгора украсете со сечкани јагоди.
СОВЕТ: Додадете и малку нане и оставете ги чашите во фрижидер. Време е да се опуштите и да уживате пред да ви пристигнат гостите. Сè е под контрола.