Видео рецепт: Бисквити со црн бибер
Овие бисквити со црн пипер потекнуваат од Хрватска и се навистина лесни за подготовка, а да не заборавиме да кажеме дека имаат преубав вкус! Количината на црн пипер која ќе ја употребите зависи од вашиот вкус, а ние се одлучивме за повеќе – сепак, тие се викаат Бисквити со црн пипер!
Состојки
- 170 грама путер
- 2 супени лажици мед
- 200 грама шеќер
- 260 грама брашно
- 1 супена лажица крупно мелен црн пипер
- 1 супена лажица пимент
- 1 јајце
- 1 рака мелени ореви
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги медот, шеќерот и путерот (на собна температура) со миксер на најголема брзина додека да добиете мазна смеса.
Чекор 2: Додадете го јајцето и убаво промешајте, потоа додадете ги мелените ореви, пиментот и крупно мелениот црн пипер. Нам повеќе ни се допаѓа ако во црниот пипер има и покрупни парчиња.
Чекор 3: На крај додадете го брашното и замесете мазно тесто.
Чекор 4: Покријте го тестото со пластична фолија и оставете го во фрижидер или на ладно место 2 часа.
Чекор 5: Потоа, на набрашнета површина расукајте го тестото за да добиете кора дебела 1 сантиметар и, со калапче во форма по желба, исечете ги бисквитите.
Чекор 6: Ставете ги бисквитите на Делимано Ростер тавата и печете 12 – 15 минути на 160 степени. Поделете ги топли со пријателите во комбинација со кафе.
СОВЕТ: Овие вкусни бисквити се идеални во студените зимски денови, но можете да ги комбинирате и со сирење или џем. Изборот е ваш – уживајте!
Покрај тоа, бибер и мед - идеална комбинација против настинки :)
Inaku Piment ima vo site pogolemi marketi.. vo Vero sigurno, posleden pat od tamu kupiv,
Inaku Piment ima vo site pogolemi marketi.. vo Vero sigurno, posleden pat od tamu kupiv,
Не си згрешила и со додавање маст....а за биберот, ние кажавме дека ги сакаме со мнооогу бибер, покрупно мелен :-)