Јас сакам различни вкусови, па не изостануваат ниту во мармаладите и џемовите. Овој од кајсии со лаванда,пробајте...

- Исчистете ги кајсиите од семките, можете ако сакате и да ги излупите исечете ги на половина или четвртина, додајте им го шекерот и 2-3 цветчиња од лавандата - оставете преку нок во фрижидер.
- Наредниот ден ставете ги во плитко тенџере или садот во кој си варите слатко, додадете уште 2-3 цветчиња лаванда и варете 30 мин.
- Додека го варите џемот тој ке се запени, со лажица решетка одпенувајте го.
- Кога е готово тргнете настрана, извадете ги цветчињата, а ништо не смета и доколку останат, врел соберете во тегли, затворете, замотајте во крпа, оставете да се оладат- потоа правец остава на рафтовите.

Забелешка
Овој џем е супер за колачи, за доручек..
Количината на шеќерот зависи од самата киселост или благост на кајсијата, но сепак никако помалку од 450 -500 гр. шеќер, нели знаеме дека тој е добар конзерванс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани