
10
мај
2013
Ќофтиња со пилешки стек
Прво се замесува смесата за ќофтињата.
 Кромидот се ренда и се става во подлабок сад со месото. Кон месото се додава презлата, јајцата и зачините и убаво се меси смесата. На крај се додава и брашното и пецивото, убаво се измесува и се остава во фрижидер да се спојат состојките.
 На најлонска фолија се формираат ќофтиња. Стекот се сече на помали парчиња.
 На рака се расплескува една шака месо и во неа се става парче од стекот и се оформува ќофте. Така се формираат сите и се пржат на загреан зејтин.
 Од истата смеса може да се направат и мали ролатчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела





















LiliN,aleksosaka i nade vi blagodaram:)