Подготовка 
Кромидот изрендајте и додадете го во меленото месо. Лебот натопете го во вода или млеко да се натопи потоа убаво исцедете го и додадете во месото.
Потоа додадете магдонос сол и бибер и убаво измесете, а потоа со влажна рака обликувајте ќофтиња.
Компирот исецкајте на кругови. Ако е многу голем преполовете го.
Редете во подмачкано тавче компир па ќофте така наизменично.
Потоа ставете ја тавата во рерна на 200 степени до светла кафена боја.
Растопете го путерот со маслото, додадете го доматното пире, ренданиот домат  и нека зоврие. Додадете исецкан лук и 2 чаши вода посолете и оставете повторно да зоврие.
Додадете во тавата со компир и оставете во рерна уште околу 15 минути .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови