Ручеков е подготвен по идеја на мајка ми...

Подготовка
1. Одбираме поситни компири и ги вариме. Еден компир го сечкаме на правоаголници,со големина која ќе биде скоро колку ќофте, а останатите во дебели кругови за да ги ставаме помеѓу ќофтињата.
2. За ќофтињата во меленото месо ставаме јајце, ситно насечкан лук и кромид, лебни трошки , јајце и зачини по вкус и желба. Јас кои зачини ги искористив напишав во состојки. Земаме од месото го расплескуваме во рака и ставаме парче кашкавал и парче компир. Го затвораме, формираме ќофте. Така со целото мелено месо.
3. Во намрсена тава ги редиме ќофтињата, а помеѓу нив ставаме парче компир. Во средина ставаме само варен компир. Зачинуваме по желба.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор, додека да ни се испече месото или околу 30 минути.

Забелешка
По желба и вкус можете да додадете доматен сос во тавата пред печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани