Јогурт кајзерици
Најпрво стандардно, растворете го квасецот (во 50 мл вода) ставете му шеќер и малку брашно и оставете го да се активира. Потоа додајте ги и другите состојки и измесете убаво меко тесто, а кое нема да се лепи. Оставете го на топло да се зголеми дупло.
Потоа од тестото кинете парчиња по желба, од нив правете топчиња, засечете ги одозгора на две места и наредете ги на плех покриен со хартија за печење. Премачкајте ги со јајцето, наросете ги со сирењето измешано со пченкарното брашно и оставете ги повторно на топло, отприлика половина час.
Рерната загрејте ја на 200 степени и печете ги додека малку не заруменат.
Ова е многу меко и воздушесто тесто...пробајте ги, нема да погрешите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
не сум чула друг да го користи тој збор освен баба ми, а баба ми беше ЗАКОН з аво кујна. сите рецепти на памет ги знаеше, а како ги спремаше...ненадмината остана :)
ле бон бон ти е преханава мис битола :)
Ama, sosem zaboraviv na ovoj recept i se setiv vcera...
Ne se luti malku makeover sto im napraviv, ama morav da si gi isprobam trskite, mesec dena gi cekav :)))
Mnogu, mnogu ubavo testo, i za rabota, i po vkus!!
Fala ti :)
Пченкарно брашно имав, ама никако да се јави кај е скриено во моментот кога ми требаше, па место твојот предлог јас ги наросив со пармезан одозгора :)
A pcenkarnoto ke go najdis, rokot ko ke mu pomini :)))))
Ги направив и јас, бидејќи ги спомнавме и тоа е тоа, се како погоре кажано, супер рецепт Јулијана, одлични, меки, вкусни.
Само да прашам дали ќе бидат исти ако веднаш по месењето се формираат топчиња, па да си киснат така?